Упатство за пополнување и ажурирање на податоци

Видео

Вовед


Новиoт концепт на страната www.lihnidos.com.mk  овозможува брзо пребарување на слободните капацитети (соби и апартмани) од страна на посетителот на страната врз основа на неколку параметри на пребаривање и тоа:


  • - Датум на пристигнување на гостинот,

  • - Датум на заминување на гостинот,

  • - Број на лица кои што можат да се сместат во една соба – апартман


Овие параметри се основа за функционирање на страната и успешно завршување со плаќање на резервацијата.

Принцип на функционирање на страната

Посетителот на страната пребарува по понудените сместувачки капацитети и избира одредена соба – апартман во избраниот сместувачки капацитет. Проверува достапност по датум на пристигнување и датум на заминување на истиот и продолжува кон делот за пополнување апликација за резервација.

Со завршувањео на резервацијата од страна на посетителот на страната, Вие добивате на Вашиот емаил известување за направена резервација во Вашиот сместувачки капацитет (во иднина ќе примате порака на мобилен). После добивање на овој емаил потребно е во Вашиот администрациски дел да ја ПРИФАТИТЕ или ОДБИЕТЕ резервацијата во зависнот од тоа дали е одбраната соба – апартман слободна.

Со прифаќање на резервацијата вие му одобрувате на посетителот на страната – гостин да изврши on-line плање на резервацијата со кредитна картичка. Со ова се завршува процесот на резервирање и средствата се уплатуваат на вашата траснсакциска сметка.

За исправно пополнување на страната и ставање на Ваши податоците Ве молиме следете го упатството:

Регистрација

После регистрирањето добивате конфирмациски код што треба да го внесете во Вашиот администрациски дел.

Со ова Вашата регистрација е комплетна.


Додавање на соби:


Со најавување на нашиот портал пристапувате до вашиот администрацискиот дел на www.lihnidos.com.

Со притискање на копчето "Додај соба/апартман" пристапувате до делот за додавање на ваши соби односно апартмани.

Во овој дел ги пополнуваме сите полиња означени со знак ѕвезда *

Доколку не знаете да ги пополнете податоците на Англиски јазик Ве молиме пополнете ги и тие полиња со Македонски текст. Преводот на англиски јазик ќе го направат наши администратори.


Мои сместувања

Во делот мои сместувања се излистани сите соби што ги внесовте
Следува објаснување за копчињата:

- Промени детали
- Галерија
- Подеси цени за период
- Мои резевации

- Избриши


- Промени детали


Со притискање на ова копче се пристапува до делот за измена на податоци за соодветната соба.


Одкако ќе ги извршите посакуваните промени
Притиснете на копчето

Зачувај промени


- Галерија


Со  притискање на ова копче се пристапува до делот каде се прикачуваат и менуваат сликите за соодветната соба – апартман.

Ве молиме да внесувате слика од соответната соба со цел адекватно да ја претставиме собата пред посетителот.

Бројот на сликите по соба е неограничен


- Подеси цени за период

Со притискање на ова копче се пристапува до делот за внесување на цени (денарски и цени во евра) за соодветната соба. Исто така можете да ја промените стандардната цена.

Имате можост да поставите различни цени за различити периоди од годината, пр. За летен период, за празници и слично...


- Мои резевации


Со притискање на ова копче се пристапува кон делот каде Вие лично ќе ги резервирате собите за сопствени потреби и продадени директно од Вас – надвор  од страната.

Со тоа на посетителот на страната му озвоможувате да има преглед на слободните капацитети кај Вас


- Избриши


Со притискање на ова копче комплетно ја бриште собата апартманот од базата



Смени лозинка
– на главно мени

Со притискање на ова копче пристапувате до делот каде што може да ја промените Вашата лозинка.


Резевации – на главно мени


Со притискање на ова копче имате пристап до делот за преглед на сите резервации кои се направени кај Вас.

Во овој дел можете да:


  • - Прифатите резевација со тоа на посетителот му го давате правото да плати на Ваша трансакциска сметка или

- Ја одбиете пристигнатата резервација
   

За подетални информации контактирајте не на info@ohrid-apartments.info или пишете ни тука.